TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Два млади животи помалку, две семејства во црно: Колку чини неодговорното возење?

Скопје инфо - 13.09.2026

Само за еден ден Македонија остана без два млади животи во две тешки сообраќајни несреќи. Даниел Николковски од Тетово имаше 21 година, а Михаел Арсовски само 18. Во двете несреќи има и повеќе повредени лица. Даниел Николковски, 21-годишен фудбалер од Тетово, го загуби животот ...

Кобна ноќ на патиштата: Тројца загинати во две тешки сообраќајни несреќи, животот го загуби и фудбалерот Даниел Николовски

24 Вести - 12.09.2026

Kобна ноќ на македонските патишта – три животи згаснаа во две тешки сообраќајни несреќи кои се случија синоќа, а шестмина се повредени... Татко и неговиот 18 годишен син го загубија животот, а тешко повредена е и 18 годишната ќерка.

Трагична вест од Тетово: Загина младиот фудбалер Даниел Николовски

Скопје1 - 12.09.2026

Фудбалскиот клуб Тетекс соопшти трагична вест – во сообраќајна несреќа во раните утрински часови загинал 21-годишниот Даниел Николовски, поранешен фудбалер на тетовскиот клуб. Николовски бил дел од младинските категории на Тетекс, а потоа настапувал и за сениорскиот тим.

18-годишно момче и неговиот татко загинаа во сообраќајка кај Илинден

еМагазин - 12.09.2026

Момче на возраст од 18 години и неговиот 51-годишен татко – А.А., загинаа во сообраќајна несреќа која се случила денеска во утринските часови на локалниот пат населба Илинден – село Миладиновци, кај базата Брест.

Трагедија: Татко и 18-годишниот син загинаа во директен судир, тројца млади тешко повредени

ПРВ.мк - 12.09.2026

Тешка сообраќајна несреќа со трагичен исход се случила во текот на ноќта на патот Илинден – Миладиновци во Скопје. Во директен судир на две возила загинале татко и неговиот 18-годишен син, додека уште три млади лица се тешко повредени.

Во сообраќајка загина 21-годишниот фудбалер Даниел Николовски од Тетово

еМагазин - 13.09.2026

Во сообраќајна несреќа завчера загина 21-годишниот фудбалер од Тетово. Несреќата се случила на патот Гостивар–Стража откако се судриле две возила „голф“, едното со гостиварски, а другото со тетовски регистарски ознаки.