Градежните работи на просторот позади Чинарот во Охрид не престануваат. Од утрово се поставува кровна конструкција за летната тераса која веќе втора недела се гради без одобрение од Општината.
Просторот кај Чинарот во Охрид, каде што веќе втора недела се гради летна тераса Општината не го дала под закуп, ниту пак издала одобрение за било какви градежни активности вклучително и поставуавaње урбана опрема.
Додека приватник со ѕидање поставува урбана опрема кај Чинарот, а Општина Охрид му го изнајмува земјиштето, наследниците на плацот водат битка низ институциите за да си ја вратат сопственоста.