Минатата недела Уганда воведе данок на друштвени мрежи. За законски да ги користат друштвените мрежи корисниците од Уганда треба да плаќаат по 5 центи дневно. Покрај Facebook, данокот ги таргетира и Instagram, Twitter и LinkedIn.
Многу чест луѓето на шега знаат да кажат дека во светот само две работи се сигурни – смртта и даноците, а изгледа дека смртта е побезболна затоа што еднаш умирате, а даноците мора да ги плаќате повторно и повторно.