Охрид од денеска до сабота ќе биде центарот на женскиот ракомет во регионот. Во СРЦ „Билјанини извори“ започнува турнирот „Трофеј Македонија“, на кој покрај домаќинот ќе настапат и селекциите на Црна Гора, Хрватска и Србија.
Ракометната федерација на Македонија деновиве го организира новото издание на турнирот „Трофеј Македонија“, кој овојпат подразбира турнир во женска конкуренција и на кој ќе учествуваат репрезентациите на Македонија, Хрватска, Црна Гора и Србија.
Од денеска до сабота во Охрид ќе се одржи и новото издание на меѓународниот ракометен турнир “Трофеј Македонија“. Четири женски репрезентации, Македонија, Србија, Хрватска и Црна Гора ќе одиграат 6 интересни натпревари во спортскиот центар „Билјанини извори.