Македонската пејачка Сузана Турунџиева сподели емотивна порака за својот брат Панде Турунџев, кој зимата во 2001 година, беше пронајден мртов во Канада. Таа потсети дека денес требало да му биде роденден, и дека ова е уште еден тажен 19 април за неа.
Сузана Турунџиева често споделува фотографии на социјалните мрежи. Освен од нејзиното секојдневие, таа знае да објави и по некоја ретро фотографија. Овој пат, на својот Инстаграм профил, објави фотогрфија стара 24 години.