Фудбалерите на Манчестер Јунајтед доживеаја уште една бламантен пораз во рамките на Лигата на Шампионите, откако вечерва екипата на Комо одигра брилијантна партија и славеше со 4:1 во дуелот со „црвените ѓаволи“.
Фудбалерите на Комо, дебитанти во Лигата на шампионите, го декласираа славниот Манчестер Јунајтед со 4:1, во третото коло. Четата на Сеск Фабрегас, на брегот на најпознатото езеро во Италија, му одржа час по фудбал на Манчестер Јунајтед.
Вториот ден од третото коло во Лигата на шампионите имаше отварање какво што може само да посакаат љубителите на фудбалот. Нико Паз по само 120 секунди игра во Комо, донесе водство за својата екипа против Манчестер јунајтед со вистински еврогол.