Европската агенда на Македонија повторно влегува во домашната политичка арена, таму каде што секоја порака од Брисел, Софија или Скопје веднаш станува доказ за една или друга партиска теза.
СДС и Венко Филипче не можат да ја скријат нервозата, па се претворија во бугарска испостава, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „СДС и Филипче не можат да го прифатат фактот што државата конечно има државничка Влада која ги штити државните интереси и забележува ...
Кошта испрати јасна порака дека Македонија има опиплив напредок во исполнување на Реформската агенда. Македонија за првпат е избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации – ЕКОСОК, за периодот 2027-2029 година.
ВМРО-ДПМНЕ во соопштение наведува дека Македонија во изминатиот период бележи значајни резултати на меѓународен план, оценувајќи дека станува збор за напредок во работата на Владата во делот на дипломатијата и европските интеграции.