Интензивната борба со пожарите во областа Каршијак продолжува и денеска, а сите расположливи државни ресурси се ставени во функција на спречување на ширењето на огнената стихија и заштита на планината Китка и околните населени места.
ПЛАМЕНИ ЈАЗИЦИ НА ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ, ДИМНАТА ЗАВЕСА ЈА ПОКРИ И МЕТРОПОЛАТА Од ЦУК излегоа со кусо соопштение дека зачаденоста на Скопје е од ветерот кој го носи чадот од актуелниот пожар во Китка, Општина Студеничани и Општина Зелениково.
Од утринските часови продолжуваме со интензивни активности за ставање под контрола на пожарите во селата во областа Каршијак, соопшти Центарот за управување со кризи. „Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али е на терен, заедно со надлежните служби и екипи, ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) упати апел до сите граѓани за максимална одговорност и внимателност со цел спречување на настанување на нови пожари. Од ЦУК предупредуваат дека сите пожари, без оглед на причината за нивното појавување, предизвикуваат сериозни штети и ...
Во борбата со големиот пожар што беснее над селото Палиград на планината Китка, пожарникарите од Противпожарната бригада на Град Скопје спасиле и едно мало теле оставено на опожарениот терен. Како што информира ЦУК, животното било пронајдено во метежот и огнот, исплашено и ...