Заврши мисијата на извонредниот Аријан Адеми во екипата на Ујпешт од Унгарија. Негогашниот репрезентативец на Македонија со кого нашиот национален тим ги забележа најголемите успеси, попладнево го раскина договорот со екипата од Будимпешта во која настапуваше една сезона.
Аријан Адеми би можел повторно да заигра во хрватската лига, откако неговата авантура во Ујпешт се наоѓа пред самиот крај. Искусниот играч за врска повеќе не е во плановите на унгарскиот клуб, кој му дал дозвола да си бара нова средина и без обесштетување да го напушти тимот.