Нови детали за пожарот на двокатниот автобус на ЈСП кај Видиковецот на Водно покажуваат дека брзата и совесна реакција на возачот спречила огнот да се прошири кон околната вегетација. Според информациите, пожарот започнал откако се запалила електричната инсталација на автобусот.
Директорот на ЈСП Скопје Сашо Илиевски за „Слободен печат“ соопшти дека темниот чад што неодамна се појави на Водно потекнува од двокатен автобус број 25, поточно од горниот кат на возилото кој се опожарил. Директорот информираше дека автобусот се запалил веднаш штом ги оставил ...
Густ црн чад се издига над Водно, откако на видиковецот избувнал пожар во двокатен автобус на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека скопските пожарникари се на терен и работат на гаснење на пожарот.
Двокатен автобус се запалил на видиковецот на Водно. Информацијата ја потврди директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. Според податоците кои ги имам во моментов, на видиковецот на Водно има запален двокатен автобус на ЈСП, скопските пожарникари работат на негово гаснење, очекувам ...