Извршителот Никола Богатинов со налог за извршување заплени уште 10 милиони евра од имотот на рускиот бизнисмен и поранешен инвеститор Сергеј Самсоненко, овој пат со замрзнување на удел од 10 милиони евра во неговата авио-компанија „Сис Авиатион“.
Извршителот Никола Богатинов на 26 ноември пријавил дека од уделот на бизнисменот Сергеј Самсоненко во компанијата „Сис Инвест Груп“ има налог за запленување на имот од 9,5 милиони евра, објави „Фактор“.