Во македонското општество прашањето за статусот на Македонската православна црква–Охридска архиепископија одамна ги надминува границите на теолошките расправи. Тоа е тема во која се преплетуваат историјата, националната самосвест, политиката и односите со православниот свет.
Македонската посебност не започнува во моментот кога некој надвор ќе одлучи да ја прифати. Но нејзината институционална сигурност бара повеќе од уверување во сопственото право, бара истрајност, јасна стратегија и способност за градење рамноправни односи.
Автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија не е милост што ја подарува друг црковен центар, туку прашање на црковна самостојност, достоинство и рамноправност. Ова е ставот на поранешниот пратеник, а сега аналитичар Илија Димовски, кој во интервју ...