КРИЗНАТА СОСТОЈБА ПРОДОЛЖЕНА ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ Бензините поевтинија за 2,50 денари, но дизелот поскапи за два денари од литар. Мицкоски најави дека се блиску до договор со трговците за уште два денари попуст за дизелот.
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека продолжуваат преговорите со снабдувачот „Окта“ за обезбедување дополнителен попуст на дизелот, со цел да се намали неговата цена. Мицкоски потврди дека преговорите се при крај и дека очекува договорот наскоро да биде финализиран.
Ако Владата се договори со Окта, можно е дизелот денеска да поевтини. Информацијата за можен договор со Окта за 2 денари попуст денеска ја потврди Премиерот Мицкоски. „Да, во преговори сме, и мислам дека сме многу блиску до договор за 2 денари попуст“ – рече денеска Мицкоски кој ...