Некои прашања заслужуваат одговор. „Слободен печат“ испрати 5 барања за слободен пристап до информации од јавен карактер, поради нетранспарентноста на Владата во врска со целокупната прослава на 35 годишнината од независноста на Македонија.
Дури и Денот на независноста криминалната власт го извалка. Организатор на настан по повод 35 година од независноста, платен со пари на граѓаните, се однесува дрско кон новинари и кон јавноста и не одговара на тоа колку народни пари ќе се потрошат, велат од опозициската СДСМ.
Господине Милошески, кога јавноста прашува „колку чини настапот на Дејвид Гета?“, најлошиот можен одговор е токму: „Дали ти изгледам како идиот?“ бидејќи прашањето не беше ниту за вашиот изглед, ниту за вашата интелигенција, туку едноставно за парите на граѓаните.
„Дали ти изгледам како идиот?“ беше одговорот на сопственикот на „Авалон“ Бобан Милошески прашањето на новинарката на „Слободен печат“ колку ќе нè чини концертот на Дејвид Гета. Тој им рече на новинарите дека тоа е прашање за Владата, а дека тој на денешната прес конференција е ...