Товарните бродови повеќе не можат да пловат по Рајна целосно натоварени, што ги принудува да ја превезуваат стоката на неколку пловила. Тоа ги зголемува трошоците за транспорт и дополнително ја оптоварува веќе и онака разнишаната економија.
Денеска Рајна кај Келн се спушти на 67-68 сантиметри, под рекордот од сушната 2018. година. Дунав кај Нови Сад беше 54 сантиметри под референтната точка, унгарската нуклеарна централа „Пакш“ го исклучуваше преостанатиот турбогенератор на првиот блок, а српските хидроцентрали ...
Помеѓу април и јуни, големи делови од континентот, од Португалија до јужна Финска, доживеаја подпросечни врнежи од дожд. Ова, во комбинација со последователни топлотни бранови, ја влоши сушата и предизвика невообичаено ниски нивоа на водата во реките, особено на Дунав и Рајна.