Шпанската полиција заплени околу 1,5 тони кокаин во градот А Побра до Карамињал, на брегот на северната покраина Галиција, а меѓу тројцата уапсени е и еден хрватски државјанин, објави локалниот весник „Ла Воз де Галиција“.
Хрватските цариници на граничниот премин Батина откриле голема количина недозволени супстанции во товарно возило со српски регистарски ознаки. Возачот при контролата приложил документација според која во камионот превезувал само легално пријавени уреди за ладење.