На прв поглед, приказната на „Станарот“ е едноставна. Трелковски, тивок и повлечен службеник со полско потекло што живее во Париз, изнајмува стан чија претходна станарка, Симон Шул, се обидела да изврши самоубиство фрлајќи се низ прозорецот.
Постојат филмови што стареат достоинствено, а постојат и филмови што со текот на времето стануваат уште повознемирувачки. „Станарот“ (The Tenant, 1976) на Роман Полански несомнено ѝ припаѓа на втората категорија.