Македонската кадетска машка репрезентација победнички стартуваше на Европското првенство „Б“ Дивизија. Нашите кошаркари славеа против Кипар со убедливи 63-82, во меч кој се одигра во салата „26 април“ во Гевгелија.
Македонската кадетска репрезентација со убедлива победа над Кипар го отвори настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“, а селекторот Дејан Стојановски беше задоволен од пристапот и енергијата што ја прикажаа неговите избраници.
Од денеска до 15 август во Гевгелија и во Скопје ќе се одржува Европското првенство „Б“ Дивизија за кошаркари „Под 16“ години. Македонската кадетска репрезентација групната фаза ја отвора против Кипар, меч кој се игра во салата „26 април“ во Гевгелија со почеток во 18:30 часот.
Денеска во хотелите „Белви“ во Скопје и „Принцес“ во Гевгелија беа одржани официјалните технички состаноци со претставниците на сите 22 репрезентации учеснички. На состаноците беа финализирани сите организациски и натпреварувачки детали, со што и официјално завршија подготовките ...