Дани Себалјос има емотивно враќање во Бетис, клубот во кој ги направи првите професионални чекори. Според информациите, 30-годишниот играч за врска постигна договор со клубот од Севилја за тригодишна соработка, која ќе важи до јуни 2029 година.
Дани Себаљос во следните неколку часа треба да стави потпис на договорот со својот нов клуб. Шпанскиот весник „АС“ пишува дека сагата околу Себаљос и Реал Бетис се ближи кон самиот крај. Двете страни веќе ги договориле условите за трансферот.