Вицешампионот на Македонија Шкупи одработи дружба на Матка пред почетокот на сезоната. Првата лига стартува во недела на 8-ми август, а денес играчите и стручниот штаб на тимот од Чаир уживаа во дружба на преубавата Матка.
Во пресрет на стартот на новата сезона, фудбалерите на Шкупи, стручниот штаб и дел од раководството беа на излет на Матка. Се билдаше тимскиот дух, кој секако дека е непходен ако се сака да се дојде до титулата.