Шкендија (А) – Тиквеш 1:1 во првиот меч од 12.коло. Ова е исходот од овој меч кој се одигра попладнево на стадионот на Чаир под ужасни услови ако се знае каков беше теренот. Домашните поведоа со голот на Марко Симоновски во раната фаза од средбата, конечните 1:1 ги постави ...
Фудбалските возбудувања во Првата македонска фудбалска лига продолжуваат во недела со два натпревари од дванаесеттото коло. На програмата се две интересни пресметки во Скопје и во Штип, додека останатите три дуели се играат во понеделник.
Тиквеш денеска има гостување на стадионот Чаир во Скопје кај Шкендија Арачиново. Кавадаречкиот тим влегува во овој натпревар во добра серија во првенството, но и по триумфот над Вардар во Купот на гостински терен 1-3.