Во Музејот на град Скопје во тек е истражувачката изложба Циклус: „Бежанци“ од Борко Лазески (1917–1993), која претставува значаен, но досега недоволно проучен сегмент од творештвото на еден од значајните претставници на македонската модерна.
Во Музејот на град Скопје вечерва во 19 часот ќе се одржи стручно водење низ изложбата „Циклус: ,Бежанци’ од Борко Лазески“ со проф. д-р Кирил Пенушлиски, историчар на уметноста. Преку разговор за изложените дела и нивниот историски и уметнички контекст, публиката ќе може ...