Премиерот Христијан Мицкоски денеска, на отворањето на реконструираната терминална зграда на Охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“, оцени дека станува збор за значаен исчекор во подобрувањето на квалитетот на услугите што ги нудат македонските аеродроми.
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, изјави дека со завршувањето на реконструкцијата на терминалната зграда и помошните простории, Охридскиот аеродром добива значително подобри услови и подобро искуство за патниците.
Македонскиот авиосообраќај бележи значителен раст, а бројот на патници кои ги користат Скопскиот и Охридскиот аеродром за само две години е двојно зголемен. Од околу два милиони патници годишно, колку што опслужуваа двата аеродроми во периодот кога беше избрана оваа Влада, ...