Пари Сен Жермен испрати јасна порака дека нема лесно да се откаже од Бредли Баркола. Според „Л’Екип“, францускиот шампион е подготвен да го продаде крилниот напаѓач само доколку пристигне понуда од најмалку 150 милиони евра.
Големи трансфер-саги се подготвуваат ова лето, а новинарот Фабрицио Романо објави информација која би можела индиректно да му оди во прилог на Ливерпул . Според Романо, ПСЖ продолжува интензивно да работи на трансферот на Магнес Аклиуш од Монако.