Српскиот министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, денеска изјави дека поради исклучително тешката состојба со пожарите во земјата, Србија го активирала Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија, пренесува „Данас“ .
Авионот Ил-76 на руското Министерство за вонредни ситуации, кој учествува во гаснењето пожари во Србија, продолжува да го гаси пожарот во Делиблатските Пештери, а само на првиот ден од неговиот ангажман во Србија, изврши пет лета и испушти вода десет пати.
Повеќе пожари се уште се активни во Србија, а најтешка е ситуацијата во Делиблатски Песоци, каде што руски противпожарен авион Иљушин, кој слета синоќа на аеродромот „Константин Велики“ во Ниш, ќе учествува во гаснењето на пожарот почнувајќи од денес.