„Вашата храброст, пожртвуваност и несебична поддршка беа од непроценливо значење за успешно надминување на оваа сериозна состојба“, им порача кавадаречкиот градоначаник на сите што учествуваа во гаснењето на пожарот По три дена, пожарот во кавадаречкото село Раец е целосно ...
Од 6 часот утринава продолжува координираната акција за гаснење на пожарот во реонот на село Раец, информира градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, преку објава на Фејсбук. Тој посочи дека екипите се распоредени на потезите Дреново – Ќесендре и Раец – Дреново – Ќесендре, ...
Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, заедно со сите расположни служби е на терен каде се вложуваат максимални напори за локализирање и ставање под контрола на големиот пожар што го зафати овој регион.
Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, доцна вечер преку социјалните мрежи апелираше дека во моментов пожарот во атарот на село Раец е активен на пет различни локации, а ситуацијата е исклучително сериозна.