Родителите на починатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ подржани од граѓани денеска по 49. пат маршираа за своите ангели. На улиците во Кочани се појавија со транспаренти во форма на срце на кои беа испишани имињата на сите што настрадаа на 16 март лани.
18 месеци по кобната ноќ во Кочани, семејствата на загинатите во дискотеката „Пулс“ повторно излегуваат на улица. Со фотографии на своите најблиски во рацете, бараат правда и одговорност за трагедијата која засекогаш им ги промени животите.
Преку обраќањето на Христовска, родителите рекоа дека бараат да се истражат сите околности поврзани со работењето на „Пулс“, реконструкцијата на објектот, пренамената во кабаре, издавањето на лиценцатата, контролите што биле вршени, финансиското работење, пријавувањето на ...