Пронајдена е 37-годишната државјанка на Република Бугарија, која синоќа беше пријавена за исчезната на Шар Планина. Според информацијата од Центарот за управување со кризи (ЦУК) , жената била дел од група од четири странски државјани кои се упатиле кон Титов Врв.
Слободен Печат - +инфо - iNFOMAX - Фокус - Пулс24
ЦУК инфомира дека во текот на вчерашните вечерни часови, од ПС Попова Шапка било пријавено исчезнување на 37-годишна државјанка на Република Бугарија, која била дел од група од четири странски државјани упатени кон Титов Врв Трите лица од групата се вратиле во вечерните часови, ...
Успешно заврши потрагата по 37-годишната Н.С. од Република Бугарија, која исчезна при искачување кон Титов Врв на Шар Планина. Жената денеска околу 15 часот била пронајдена во близина на месноста Горна Лешница и бачилата „1-ви Мај“.