Струга од денеска повторно станува епицентарот на македонскиот ракомет. Со пресметката меѓу двократниот европски шампион Вардар и екипата на РК Прилеп (од 18:30 часот), официјално започнува 54. издание на еден од најстарите и најтрадиционалните ракометни турнири во регионот.
Еден од најстарите и најпрепознатливи спортски настани во земјава, Меѓународниот ракометен турнир „Струга“, продолжува и ова лето. Од 12 до 15 август, Струга повторно ќе живее со духот на ракометот, традицијата и спортската енергија.