По сузбивање на меѓународна група на организиран криминал со увози на цигари, Царина со засилени контроли и на зелените пазари – со сеопфатен пристап до жестока борба со нелегалната трговија со тутун, велат од Царинската управа.
Речиси 1,5 тони тутун во нелегална трговија се откриени во два одделни случаи објавени во последните два дена. Од Липково до скопски Чаир, надлежните откриваат големи количини тутун што се продава без платена акциза.
При контролата на зелениот пазар во Чаир, според соопштението на Царината, биле затекнати три лица како ги продаваат тутунот и алкохолот за кои претходно не платиле акциза кон државата При претреси на тезги на зеленот пазар во скопската Општина Чаир, екипи на Царинската управа ...
Царинските службеници заплениле 135 килограми режан тутун и 30 литри алкохол при контрола на тезги на зелениот пазар во Чаир. За акцизните производи е избегнато плаќање акциза во вкупен износ од 337.558 денари, соопшти Царинската управа.