КОГА ќе се спомне носење чорапи во кревет, може да очекувате жестоки расправии. Иако спиењето во чорапи можеби ви е незамисливо, експерт за спиење верува дека ова може да биде клучот за добар сон.
Стручњакот за спиење Мар Де Карло вели дека има многу придобивки од носењето чорапи во кревет. Чорапите можат да им помогнат на луѓето да заспијат побрзо и да спијат подолго поради процесот наречен дистална вазодилатација.
Нема потреба да се зборува за важноста на сите видови чорапи во гардеробата. Со векови сме свесни за нивната вредност, а во 2023 година чорапите за многумина се клучен дел од креативното модно изразување.