Иако неспомнат во зборот „талог“ што премиерот Христијан Мицкоски често го употребува, опозицискиот СДСМ се препозна и возврати жестоко. Се разбранува „талогот“ и ден по прославата на 35-годишнината од независноста се замати македонската политичка сцена.
Премиерот Христијан Мицкоски повторно се осврна на неговата изјава за „талогот“ и „елитата“, по реакциите од СДСМ, порачувајќи дека опозициската партија самата се препознала во неговите зборови. „Жалам што СДСМ се препознава во талогот, но јас многу прецизно реков дека талогот ...
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагираше на критиките од СДСМ и Венко Филипче во врска со говорот на премиерот Христијан Мицкоски на одбележувањето на 8 Септември, оценувајќи дека тие сами се препознале во зборовите на премиерот.
Соопштение за јавност на СДСМ: Исто како на Илинден, наместо единство и прослава на државноста, вчера, на Денот на независноста Мицкоски ја продолжи кампањата „талог”, ги продолжи навредите и поделбите на граѓаните.