Македонското здравство се подготвува за можноста во земјата да се воведат длабока мозочна стимулација за одредени пациенти со Паркинсонова болест и современи антиамилоидни терапии за пациенти во рана фаза на Алцхајмеровата болест.
Министерот за здравство, Сашо Клековски, денеска се обрати на отворањето на панел дискусијата „Паркинсонова и Алцхајмерова болест: подобар третман за подобар живот“, што се одржа во Деканатот на Медицинскиот факултет во Скопје.
Можностите за воведување современи терапии за Паркинсонова и Алцхајмерова болест во земјава ќе бидат во фокусот на денешната панел-дискусија „Паркинсонова и Алцхајмерова болест: подобар третман за подобар живот“, што ќе се одржи во Деканатот на Медицинскиот факултет во Скопје.