Отсекот за компјутерски криминал при СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Д.(42) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија” по член 193-а од Кривичниот законик.
На осомничениот му е изречена му е мерка притвор во траење од 30 дена Четириесет и двегодишен охриѓанец е во притвор откако полицијата при претрес во неговиот дом пронашла компјутер и видеоматеријали со експлицитна содржина поврзана со сексуална злоупотреба на деца.
При претресот биле пронајдени и одземени десктоп-компјутер и видеа со експлицитни содржини од детска порнографија Отсекот за компјутерски криминал при СВР Охрид поднесе кривична пријава против 42-годишниот А. Д.