По неочекуваниот пораз на гостувањето кај Струмица, по што следуваше и смена на тренерот Васко Атанасов, МЗТ Скопје Аеродром брзо се врати во победнички ритам. Во дербито од петото коло, аеродромци на свој терен во „Јане Сандански“ славеа против зелено-белите со 74:60.
МЗТ Скопје влезе во серија на слаби резултати во претходниот период, а тоа донесе промена на тренерската позиција, заминување на Васко Атанасов. Актуелниот шампион допрва треба да го реши ова прашање, но денеска клубот од Аеродром воден од Дејан Србиновски и Тино Даневски успеа ...
МЗТ Скопје конечно им се врати на победите, откако во салата „Јане Сандански“ го совлада Пелистер со 74-60 во натпревар од домашната Суперлига. „Металците“ одиграа сигурен дуел и ставија крај на серијата од четири последователни порази во сите натпреварувања.
Шампионот МЗТ Скопје А. на најдобар можен начин се врати на победничките патеки по заминувањето на тренерот Васко Атанасов. На попладневното дерби во „Јане- Сандански“, „штрковите“ остварија победа над битолскиот состав со 74-60.
Денеска во СЦ „Јане Сандански“ покрај ракометното „Ел Класико“ помеѓу Вардар и Пелистер, ќе има уште една скопско – битолска пресметка. Овој пат во рамките на кошаркарската Супер-лига, МЗТ Скопје ќе го пречека Пелистер, мечот е закажан со почеток во 14 часот.
МЗТ Скопје – Пелистер 74:60 Кошаркарите на Пелистер во натпреварот од петтото коло, се поразени од МЗТ Скопје со 74:60. „Металците“ уште во првата четвртина најавија дека бодовите ќе останат во СЦ „Јане Сандански“.
Денес се закажани две суперлигашки дерби натпревари на битолските екипи во Скопје и двете во салата “Јане Сандански“ во Скопје. Кошаркарите на КК Пелистер ќе играат дерби натпревар против тимот на МЗТ Скопје со почеток во 14 часот, а попладне во 17,45 во истата сала ќе се игра ...
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром славеа сигурна победа над Пелистер со 74-60 во дербито од петтото коло во македонската Суперлига. Актуелниот шампион успешно ја надмина резултатската криза по неочекуваниот пораз од Струмица и неуспехот на европската сцена.