Три лица во Холандија починале во последните неколку недели од инфекција со вирусот Западен Нил, соопшти холандскиот Национален институт за јавно здравје и животна средина (RIVM), во период кога расте бројот на случаи во Европа.
Во изминатата седмица, заклучно со вчера претпладне во Грција биле потврдени 34 нови случаи на вирусот Западен Нил, а починаа шест лица, според податоците од неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина.
Холандскиот Национален институт за јавно здравје и животна средина (RIVM) денеска соопшти дека од минатиот четврток во таа земја се забележани девет нови пациенти заразени со вирусот Западен Нил, а од почетокот на годината починале три лица.
Бројот на заразени со вирусот Западен Нил во Србија бележи значителен пораст, откако за само една недела бројот на потврдени случаи се зголемил повеќе од двојно. Според најновите податоци на Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“, до 6 септември се ...