Денеска ќе се одиграат три натпревари од третото коло во Супер-лигата, сите три треба да ја донесат потребната неизвесност. Во Кавадарци, Тиквеш Г.И. е домаќин на Куманово. Станува збор за пресметка помеѓу два тима кои ќе се борат за втората победа сезонава.
Денеска со три натпревари ќе се комплетира третото коло во машката кошаркарска Супер лига на Македонија. Главниот фокус на кошаркарската јавност без сомнение ќе биде насочен кон Битола, каде што силите ќе ги одмерат старите ривали Пелистер и Работнички.
Вечерва во спортската сала “Боро Чурлевски“ го Битола ќе се одигра натпреварот од 3. коло од машката Супер лига во кој екипата на Пелистер го пречекува тимот на Работнички од Скопје. Благој Димитриев пред натпреварот против Работнички вели: -Ме радува дуелот со Работнички и ...