Германскиот напаѓач Карим Адејеми и официјално е нов фудбалер на Барселона. Каталонскиот клуб го потврди трансферот на 24-годишниот офанзивец од Борусија Дортмунд, кој потпиша долгорочен договор со шампионот на Шпанија.
Барселона го официјализираше второто летно засилување, а и овојпат станува збор за офанзивен фудбалер. Нов играч на каталонскиот гигант е Карим Адeјеми, кој пристигнува од Борусија Дортмунд за 22+7 милиони евра.