„ЕКО СКОПЈЕ“ - СО ЕДЕН КЛИК ДО ПРЕПОЛНИ КОНТЕЈНЕРИ, ДИВИ ДЕПОНИИ И ЗАГАДЕН ВОЗДУХ Скопјани на едноставен начин ќе можат да пријават каде има преполни контејнери, каде има диви депонии и каде лошо мириса, односно е загаден воздухот.
Денеска беше промовирана платформата „ЕкоСкопје“, ново дигитално решение со кое граѓаните полесно ќе пријавуваат еколошки проблеми, а градските служби ќе добиваат конкретни информации за поорганизирано постапување, соопшти градоначалникот Орце Ѓорѓеивски.
Промоција на „ЕкоСкопје“, паметна еко-платформа развиена од млади, која ќе им овозможи на граѓаните едноставно да пријавуваат еколошки проблеми, ќе се одржи денеска во организација на Здружението „Лидери за едукација, активизам и развој“ (ЛЕАД), во соработка со Град Скопје.