Синоптичарите за викендов најавуваат претежно стабилно време. Се очекува дневната температура да се движи во интервал од 27 до 35 степени во текот на денешниот ден, а утре од 30 до 37 степени. Утринските температури ќе бидат доста пониски – од 8 до 16 степени.
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде предупредувања за нестабилно време следено со пороен дожд, засилен ветер и грмежи во регионите на Струмица и Струга. Според информациите од УХМР, нестабилна воздушна маса најпрво е регистрирана северозападно од Струмица.
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде предупредување дека попладнево во поголем дел од земјата постојат услови за локално невреме следено со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и појава на град. Според објавената карта на УХМР, нестабилните воздушни маси ќе зафатат ...