Откако во јуни Audi го претстави обновениот Q5, сега и официјално германскиот производител ја претстави Sportback верзијата на овој модел. Станува збор за верзија која за прв пат се аплицира на моделот Q5.
Audi ја зголемува понудата на SUV-купе модели со новиот Q5 Sportback. Новиот Audi Q5 Sportback ќе се продава покрај постоечкиот Q5 и е наменет да биде подинамична и поспортска алтернатива на конвенционалниот SUV.