Планирате денес да го фотографирате или снимате помрачувањето на Сонцето? Внимавајте – ако камерата на вашиот телефон директно ја насочите кон Сонцето без соодветна заштита, нејзиниот сензор може да претрпи трајно оштетување за само неколку минути, пишува „Еуроњуз“ .
Додека делови од континентот накратко ќе потонат во мрак, во Македонија жителите ќе имаат можност да фатат посуптилен, но исклучително атрактивен момент непосредно пред зајдисонце. Утрешниот ден, среда 12 август, ќе донесе еден од најинтересните астрономски моменти во Европа ...
Целосно помрачување на Сонцето ќе се случи на 12 август и ќе биде видливо на Гренланд, Исланд, на северот од Русија, во Атлантскиот Океан, во Шпанија и во помал дел од Португалија. Многу други места на северната хемисфера тој ден ќе доживеат делумно помрачување на Сонцето, ...