Државата ќе троши повеќе отколку што првично планирала. За да обезбеди повеќе пари за патишта, инфраструктура и други проекти, Владата со ребалансот ќе го зголеми буџетскиот дефицит. Тоа значи дека разликата меѓу приходите и расходите ќе биде поголема од досега предвиденото.
„Ова е врв на финансиска и фискална неодговорност, за што цената ќе ја платат граѓаните. Ветуваа намален буџетски дефицит, а го продлабочија уште на средина на годината“, велат од партијата Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии? Ова е прашање што ...
Министерата за финансии Гордана Димитриеска Кочоска вели дека има зголемени капитални расходи во делот на Министерството за животна средина, потоа околу одредени ИПА проекти, зголемување за АА програмата и кај други проекти.