„Ова е врв на финансиска и фискална неодговорност, за што цената ќе ја платат граѓаните. Ветуваа намален буџетски дефицит, а го продлабочија уште на средина на годината“, велат од партијата Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии? Ова е прашање што ...
Државата ќе троши повеќе отколку што првично планирала. За да обезбеди повеќе пари за патишта, инфраструктура и други проекти, Владата со ребалансот ќе го зголеми буџетскиот дефицит. Тоа значи дека разликата меѓу приходите и расходите ќе биде поголема од досега предвиденото.
Министерата за финансии Гордана Димитриеска Кочоска вели дека има зголемени капитални расходи во делот на Министерството за животна средина, потоа околу одредени ИПА проекти, зголемување за АА програмата и кај други проекти.
„Она што во овој момент можам да го кажам е дека ќе имаме одредена корекција на буџетскиот дефицит нагоре и првпат ќе имаме зголемување на буџетски дефицит како резултат на зголемени потреби за финансирање на капиталните расходи, односно капиталните инвестиции.