Дел од Stellantis се Opel, FIAT и Alfa Romeo. Ова германско-италијанско трио се погрижи да вжешти атмосферата на посетителите со своите концепт автомобили кои покрај атрактивниот изглед имаат низа практични решенија и добра доза на носталгија.
По 91-ви пат се одржа Салонот на автомобили во Париз. Годинешното биенале покажа дека пост пандемиската анемија се надмина и веќе може да се каже дека полека се враќа стариот сјај. Повеќе од 60 премиери, повеќето концепти, ја воодушевија автомобилската публика.