Украински дронови погодија московска нафтена рафинерија вторпат оваа недела, при што денеска утрината над југоисточната населба Капотња се издигнаа пламен и облаци чад, објави „Гардијан“ . „Силите за противвоздушна одбрана продолжуваат да одбиваат масовен напад.
Украина денеска го изведе најголемиот напад со дронови врз Москва во последните две години, објави агенцијата „ТАСС“, што предизвика пожари во и околу главниот град и доведе до евакуација на најголемиот аеродром во земјата.
Руските власти тврдат дека собориле околу 180 дронови, но дел од нив успеале да погодат стратешки цели во руската престолнина. Голем пожар избувна во рафинерија за нафта во близина на Москва по нов бран украински напади со беспилотни летала.