Ја преболе својата поранешна љубов и продолжи понатаму. Анџелина Џоли и канадскиот пејач Викенд, веќе подолго време поттикнуваат гласини дека се во љубовна врска, а неколкупати биле забележани на романтична вечера во Лос Анџелес.
Актерката и пејачот уживале неколку часа во италијански ресторан во Санта Моника, а дошле во придружба на телохранители и обезбедувањето. Гласините од пред неколку месеци стануваат се погласни.
По разводот со Бред Пит, четириесет и шест годишната Анџелина Џоли многупати беше порзувана со познати момци. Овојпат, актуелно е нејзиното пријателство со помлад рапер, за кој медиумите шпекулираат дека можеби тој е нејзиното ново момче.
Изгледа дека Бред Пит замина во заборавот... Папараците ги уловиле како заедно излегуваат од рестора, а бидејќи не се пријатели кои се дружат, сите веднаш помислија дека станува збор за состанок, бидејќи и двајцата се моментално слободни.
Анџелина Џоли и The Weeknd уште повеќе ги разгорија гласините дека се во љубовна врска. 46-годишната актерка и 31-годишниот музичар, чие вистинско име е Абел Тесфаје, беа фотографирани заедно додека си заминуваа од ресторан во Санта Моника.
Анџелина (46) и The Weeknd (31) беа забележани како излегуваат заедно од ресторан во Лос Анџелес, каде што наводно поминале нешто повеќе од два часа. Според изворите, актерката и пејачот пристигнале во ресторанот во различно време, но го напуштиле ...