Општина Бутел денеска се приклучи на големата еколошка акција на Град Скопје, во која учествуваа ученици, општинската администрација и работници. Акцијата е насочена кон уредување на јавните површини, отстранување на отпадот и подобрување на животната средина во општината.
30.000 ЛУЃЕ НА ТЕРЕН, ЗА МЕТЛА СЕ ФАТИ И СКОПСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК Голема еколошка акција во која се вклучени сите скопски општини, претставници од амбасадите, меѓународни организации и волонтери од Црвениот крст, вчера се реализираше низ сите скопски општини.
Град Скопје денеска ја реализира големата еколошка акција за чистење на градот. Во акцијата која се спроведува во сите општини се приклучуваат и амбасади, ученици, спортисти, јавни личности и голем број граѓани, со заедничка цел – почисто, поубаво и поздраво Скопје.
Околу 30.000 граѓани денеска се приклучија на големата акција за расчистување на Скопје, во рамки на која илјадници сограѓани, заедно со градоначалници, претставници на амбасади, јавни личности, млади и волонтери, со заеднички ангажман придонесоа за почист и поуреден град.
Утре, 30 септември, со почеток во 10:00 часот, низ сите скопски општини ќе се одржи голема еколошка акција за чистење на јавните површини, во која ќе учествуваат неколку илјади волонтери. Во акцијата ќе се вклучат општините и градоначалниците, амбасади, ученици, спортисти, јавни ...