Англиската репрезентација со загриженост го очекува полуфиналниот натпревар против Аргентина на Светското првенство, откако се појавија информации дека Џуд Белингем почувствувал болка во левото рамо по четвртфиналната победа над Норвешка.
Сонот на Англија дека може да го повторат успехот од СП 1966 година кога прв и единствен пат станаа светски прваци, уште трае. Гордиот Албион се пласираше во полуфиналето на Мундијалот, откако по голема борба, со 2:1 ја елиминираа Норвешка и тоа во меч кој траеше 120 минути.
Претставници на Фудбалската асоцијација (ФА) истакнаа дека нема никаков проблем меѓу менаџерот Томас Тухел и ѕвездата Џуд Белингам откако двајцата дадоа спротивставени проценки за тешката победа на Англија од 2-1 во четвртфиналето на Светското првенство над Норвешка во Мајами.