По неколкугодишна пауза, повторно се вратив на „Макфест“,во улога на известувач. А кога ќе се вратиш на фестивал за кој те врзуваат години музика, приказни, средби и спомени, неизбежно е да се навратиш и на времето кога тој имаше поинаква димензија.
Групата „Артефакт“, Тамара Грујеска, Елена Наумова, Теа Златева, Анастасија Спасевска и Драгана Јовановска се шесте финалисти од првата вечер на 41. издание на Макфест, кој се одржува во Штип. Тие беа избрани со гласови од публиката и жирито, а вечерва (31 октомври) ќе настапат ...
Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“-Штип вечерва и утревечер ќе го има своето 41.издание. На сцената на Центарот за култура „Ацо Шопов“ ќе се испеат 27 нови рефрени. Фестивалското знаме на „Макфест“ го кренаа Лара Иванова, која официјално ја има најслушната песна помеѓу ...